Пред почетокот на натпреварот меѓу Македонија и Луксембург, Ракометната федерација на Македонија му оддаде признание на Никола Маркоски, кој ја завршува својата професионална ракометна кариера.
Со својата посветеност, борбеност и љубов кон националниот дрес, Маркоски остави значаен белег во македонскиот ракомет.
Во знак на благодарност за неговиот придонес и годините поминати во репрезентативниот дрес, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, му врачи врамен дрес со бројот 17, како симбол на почит и признание за неговата ракометна кариера.

(фото – РФМ)📷








