Машката сениорска репрезентација на Македонија забележа висока победа против селекцијата на Луксембург со убедливи 41-23 во 1. коло од квалификациите за пласман на ЕП 2028 година.
Селекцијата на Македонија победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со високи 20-10.
Најефикасни во селекцијата на Македонија беа Никола Костески со шест гола, додека Мартин Серафимов и Александар Петковски постигнаа по пет гола.
(фото – РФМ)📷








