Селекторот на женската кадетска репрезентација Славиша Димитријески го објави списокот на ракометарки за квалификацискиот турнир за Европско првенство.
На списокот повикани се 20 ракометарки. Собирот ќе се одржи на 23.11.2026 година (понеделник) во 11:00 часот во салата “Расадник”.
Квалификацискиот турнир ќе се одигра во Скопје, а Македонија е во група со Литванија, Косово и Грција.

(фото – РФМ)📷








