Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 11. коло од Супер лигата.
Судиската двојка Михајло и Методија Илиевски ќе го судат дербито меѓу екипите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер, додека делегати ќе бидат Марјан Начевски и Ацо Николовски.
Натпреварот меѓу екипите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 19 ноември со почеток од 18:00 часот во салата “Автокоманда”, во Скопје.
(фото – Архива)📷








