Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за престојното Светско првенство во Германија.
На списокот повикани се 35 ракометари. Подготовките на машката сениорска репрезентација ќе започнат на 22 декември.
Светското првенство 2027 година во Германија ќе започне на 13 јануари. Македонија е во група со селекциите на Исланд, Јапонија и Бахреин.

(фото – РФМ)📷








