Екипата на Вардар Неготино во финишот стигна до победа против Работнички во Првата лига, со 33-32.
Вардар Неготино до полувремето имаше сигурна предност, каде на полувреме замина со водство од 18-11. Во второто полувреме Работнички се врати во игра, пред финишот резултатот беше 33-32, гостите промашија пенал и им овозможија на домаќините да заверат победа. Заслужен за победата на Вардар Неготино беше Петар Ангелов каде одбрани пенал за домашната екипа.
Најефикасен во составот на Вардар Неготино беше Орешков со девет погодоци, додека кај Работнички беше Димевски со 12 погодоци.
Рк Вардар Неготино 33-32 Рк Работнички
(фото-Рк Вардар Неготино)📷