Екипата на Драчево Јуниор забележа победа против екипата на Преспа со убедливи 40-26 во натпревар од Првата лига.
Составот на Драчево Јуниор победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со високи 20-8.
Најефикасни во редовите на Драчево Јуниор беа Теодор Пецаноски и Мартин Петровски со по шест гола, додека кај Преспа најефикасен беше Мартин Табаковски со девет гола.
(фото – Рк Драчево Јуниор)📷








