РФМ ќе ги прогласи најдобрите за 2026 година (ВИДЕО)

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ќе ги прогласи најдобрите ракометари, ракометарки, тренери, официјални лица, клубови за сезоната 2025/2026.

“Ни претстои уште една свечена вечер посветена на македонскиот ракомет, спортските достигнувања и најдобрите поединци кои оставија белег на ракометната сцена. Со особена чест и задоволство, Ракометната федерација на Македонија ја најавува гала-вечерта „Ракометари на годината 2026“”, – стои во објавата на Ракометната федерација на Македонија.

Свеченоста е закажана на 10 декември (четврток), со почеток од 19:00 часот во салата “Расадник”, во Скопје (Кисела Вода).

(фото/видео – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *