Ракометарите на Младост Богданци триумфираа на домашен терен против екипата на Јехона со 31-29.
Во првото полувреме контролата врз играта ја имаше Јехона, која замина на полувреме со предност од 18-15. Во вториот дел од натпреварот Младост се обидуваше да се врати и да го превземи водството, и на крај успеа да го превземи со пресврт во финишот на натпреварот.
Најдобар стрелец во екипата на Младост Богданци беше Саше Михајловиќ со 13 погодоци, додека најдобар стрелец во екипата на Јехона беше Адис Салиу со 17 погодоци.
Рк Младост 1977 Богданци 31-29 Рк Јехона
(фото-Рк Младост 1977 Богданци)📷