Ракометарките на Стружанка забележаа победа на гостувањето во Свети Николе кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет со 28-25.
Во првото полувреме составот на Стружанка го презеде водството и на полувреме замина со два гола предност од 12-14. Стружанка до крајот на натпреварот ја контролираше играта и успеа да ја запише четвртата победа во Суперлигата.
Најефикасна во екипата на Стружанка беше Магдалена Делиоска со 11 погодоци, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Наталија Манева со осум погодоци.
ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет 25-28 ЖРК Стружанка
(фото-ЖРК Стружанка)📷