Екипата на Чаир запиша нови бодови на гостувањето кај екипата на Гевгелија со убедливи 33-24.
Чаир на полувремето водеше со 17-15. Во вториот дел од натпреварот екипата на Чаир ја контролираше играта, и успеа да забележи нова победа и нови три бода во Суперлигата.
Најефикасна во екипата на Чаир беше Стефанија Ѓеоргиевска со осум погодоци, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Михаела Митревска со девет погодоци.
ЖРК Гевгелија 24-33 ЖРК Чаир
(фото-ЖРК Чаир)📷