Вардар

Вардарки подобри од Овче Поле Славјански Универзитет во заостанат дуел во Суперлигата

Ракометарките на Вардар забележаа победа на домашен терен против екипата на Овче Поле Славјански Универзитет во заостанатиот дуел од 10. коло во Суперлигата, со убедливи 41-22.

Вардарки добро ја контролираа играта на почетокот на првиот дел од натпреварот, и на полувремето имаа водство од 20-14. Во второто полувреме Вардар немаше проблем и убедливо ја совлада екипата на Овче Поле Славјански Универзитет

Најефикасна во составот на Вардар беше Бојана Диневска со осум погодоци, додека кај Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Елена Вучевска со 11 погодоци.

ЖРК Вардар 41-22 ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет

(фото-Вардарфанс)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести