еп 2

Еурофарм Пелистер 2 успеа да слави кај Тинекс Пролет

Составот на Еурофарм Пелистер 2 со победа се враќа од гостувањето во Скопје кај екипата на Тинекс Пролет со конечни 29-32.

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 ја имаше предноста на полувремето со минимални 15-16. Во вториот дел од натпреварот продолжи добрата игра на гостинската екипата, домашната екипа се обидуваше да се врати но немаше доволно сили и мораше да се задоволи со пораз.

Најефикасен во екипата на Тинекс Пролет беше Давор Палевски со осум голови, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Цветан Кузманоски со десет погодоци.

Рк Тинекс Пролет 29-32 Рк Еурофарм Пелистер 2

(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.