гепинген

Вид Потеко на лето во Бундес лигата, во екипата на Гепинген

Словенечкиот пикер Вид Потеко на лето се сели во Германија во Бундес лигата, тој се договори со екипата на Гепинген.

Вид Потеко потпиша договор со екипата на Гепинген кој ќе важи од јуни 2022 година, и договорот е потпишан со важност на две сезони. Пикерот Вид Потеко во Гепинген доаѓа од екипата на Целје.

Пикерот настапуваше во Целје од 2010 до 2017, потоа се пресели во Мешков Брест од 2017 до 2019, па пак се врати во Целје во 2019 година, а на лето ќе го гледаме во дресот на Гепинген со кој потпиша договор на две години. Тој настапува и за репрезентацијата на Словенија.

(фото – Рк Гепинген)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.