Ракометарките на Металург забележаа победа на домашен терен против екипата на Астибо во натпревар од Супер лигата со конечни 30-20.
Екипата на Металург имаше предност на полувремето од 14-9. Во вториот дел екипата на Металург ја зголеми предноста, за на крај да се радува на победа во Автокоманда.
Најефикасна во екипата на Металург беше Ива Младеновска со седум погодоци, додека кај екипата на Астибо најефикасна беше Марија Анчева со 12 погодоци.
ЖРК Металург 30-20 ЖРК Астибо
(фото-ЖРК Металург)📷