Европската ракометна федерација (ЕХФ) воведе ново правило за Европското првенство во Унгарија и Словачка.
ЕХФ наложи дека треба да се направат три тестирања за Ковид во сите репрезентации кои учествуваат на Европското првенство. Во неколку репрезентации има повеќе случаи на заразени ракометари.
Но ЕХФ воведе ново правило, тие што биле позитивни нема да настапат во прелиминарниот дел на Европското првенство, или пак дозвола ракометарот ќе има ако направи 14 дена пауза по добивањето на резултатот од тестот, оваа вест ја потврди шведскиот Афтонбладет.
(фото-ЕХФ Еуро)📷