Драгана Цвијиќ од лето се сели во Ференцварош

Поранешната ракометарка на Вардар, Драгана Цвијиќ потпиша за унгарскиот тим Ференцварош.

Драгана Цвијиќ на лето ќе се пресели во Ференцварош. Драгана Цвијиќ претходно беше дел од Вардар, Крим Љубљана, ЦСМ Букурешт и ЦСКА Москва.

„Навистина ми се допадна она што ми го кажаа раководните лица на ФТЦ, па мојата прва одлука беше да се приклучам на тимот од следната сезона, но сакав да бидам во Лигата на шампионите и овој пат, па ја искористив можноста во Москва”, – изјави Драгана Цвијиќ.

(фото – ЖРК Ференцварош)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.