Суперлигашот Прилеп означи старт на зимските подготовки. Тренерот Горан Кузманоски ги построи ракометарите, а на првиот собир отсуствуваа голманот Зураб Цинцадзе, беко Мириани Гавашелишвили и Реваз Чантурија, кои имаат обврски со националниот тим.
Добра вест за Кузманоски е тоа што после повреди се враќаат пикерот Сашко Манчески и крилото Хазеин Рустемов. Екипата ја напуштија Александар Тренчевски кој се пресели во Финска, и Христијан Милошески кој сеуште не се знае неговиот клуб.
Прилепчани по тренинзите на 21 јануари ќе отпатуваат во Србија, каде ќе одиграат два контролни натпревари против тимот на Лесковац.
(фото-Рк Прилеп)📷