Извршниот комитет на СЕХА лигата на последниот состанок го потврди составот на тимовите за единаесетатта сезона во регионалното натпреварување.
Во новата сезона 2021/22, во СЕХА лигата ќе се натпреваруваат десет екипи од седум различни земји. Две екипи имаат Македонија, Србија и Хрватска, по една екипа имаат Белорусија, Украина, Словачка и Унгарија.
Системот останува ист, екипите ќе бидат поделени во две групи во Група А и Група Б. Во Групата А се екипите: ППД Загреб, Еурофарм Пелистер, Татран Прешов и Партизан, додека Веспрем обезбедува директен пласман во четвртфиналето.
Во Групата Б се екипите: Вардар 1961, Мотор Запорожје, Нексе и Војводина, додека Мешков Брест обезбедува директен пласман во четвртфиналето.


(фото-Сеха Лига)📷