Левото крило Улисес Рибеиро го напушти тимот на Металург, иако имаше потпишано договор на две сезони.
Тој се враќа во Португалија во екипата на Спортинг Хорта, каде со клубот потпиша договор до крајот на сезоната. Тој претходно настапуваше за Металург, Мадеира, Сао Бернардо.
„Со нетрпение очекувам да почнам да работам со тимот на Спортинг Хорта и да му помогнам на тимот да ги постигне своите цели. Се надевам дека односот и адаптацијата со моите соиграчи е што е можно пократок и дека можеме да уживаме во последниот дел од спортската сезона и голема благодарност до клубот за укажаната можност“.- изјави Улисес Рибеиро.

(фото-Рк Спортинг Хорта)📷