Ракометарките на Вардар забележаа убедлива победа против Пелистер со 38-13 во 1. коло од плеј-офот во Женската Супер лига.
Вардарки од почетокот на првото полувреме имаа водство, и на полувреме заминаа со предност од 20-7. Во вториот дел очекувано беше заверена победата за прва победа во плеј-офот.
Најефикасна во составот на Вардар беше Ивона Трпевска со седум погодоци, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Јанкуловска со шест погодоци.

(фото-Вардарфанс)📷