Киелце славеше против Фленсбург, реми помеѓу Веспрем и Порто

Екипата на Киелце славеше против Фленсбург со 33-25 во натпревар од Лигата на шампионите. Најефикасен во екипата на Киелце беше Игор Карачиќ со шест погодоци, додека кај екипата на Фленсбург најефикасен беше Јакобсен со шест погодоци.

Реми помеѓу Веспрем и Порто од 28-28 во Лигата на шампионите. Најдобар стрелец во екипата на Веспрем беше Петар Ненадиќ со шест погодоци, додека кај екипата на Порто најдобар стрелец беше М’Бенге со четири погодоци.

Резултати од 11. коло од Лигата на шампионите (мажи):

Мешков Брест 30-33 Алборг

Монпелје 25-28 Вардар 1961

Веспрем 28-28 Порто

Фленсбург 25-33 Киелце

(фото-ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.