Бекот Петар Ненадиќ одлучи да ја заврши репрезентативната кариера и да се повлечи од репрезентацијата на Србија, и да се посвети на клупско ниво.
Петар Ненадиќ кој има 35 години во дресот на Србија одигра 78 натпревари и постигна 213 голови. Со репрезентацијата го освои среброто на Европското првенство во 2012 година во Белград. Прогласен беше за најдобар ракометар во Србија во 2016, 2017 и 2020 година.
“Почитувани фанови и љубители на ракометот, по неколкудневно размислување, со тешко срце, но со мирна глава, донесов одлука да ја завршам репрезентативната кариера. Оваа одлука беше најтешка, но знам дека е правилна. Имаше многу убави моменти, безброј пати се радувавме, имаше подеми и падови, освоени медали од кадетски до сениорски денови. Имаше многу смеа, радост, дружење, имаше и тешки моменти, солзи, но сите заедно растевме, благодарение на доброто, дружба многу си теравме преку грб и секогаш излегувавме посилни.” – изјави Петар Ненадиќ.
(фото-Ракометна Федерација на Србија)📷