Еурофарм Пелистер убедлив против Прилеп

Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа убедлива победа против ракометарите на Прилеп со 33-20 во натпревар од Супер лигата.

Екипата на Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот го имаше водството и тоа водство го сочува до крај. На полувреме битолскиот тим имаше предност од 13-6. Во вториот дел од натпреварот Еурофарм Пелистер ја зголеми предноста за на крај да слави убедлива победа.

Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Јосип Божиќ Павлетиќ со шест погодоци, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Христи Бикоски со четири погодоци.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести