Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 забележаа победа на гостувањето кај екипата на Охрид со 28-25 во Супер лигата.
Во првото полувреме беше неизвесно, и двете екипи имаа нерешен резултат на полувремето од 15-15. Во второто полувреме Охрид успеа да се врати, но не доволно за екипата на Еурофарм Пелистер 2 да извојува победа.
Најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер 2 беше Емилијан Ѓорговски со девет погодоци, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Мице Шилегов со седум погодоци.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷