Пикерот на Кил, Патрик Винечк реши да стави крај на репрезентативната кариера и повеќе нема да настапува во дресот на Германија.
Патрик Винчек кој има 33 години по 159 натпревари и по 12 години реши да стави крај на репрезентативната кариера. Оваа вест Партик Винчек ја потврди на социјалните мрежи.
“Му благодарам на секој од моите соиграчи што ги запознав и ценам во изминатите неколку години. Им благодарам на тренерите кои ме поддржуваа во текот на моето време со репрезентацијата и кои ми ја дадоа својата доверба. Благодарам на тимот надвор од теренот, ништо не функционира без вас, вие сте незаменливи и неизмерно го збогатувате тимот,” – изјави Патрик Винчек.
За германскиот национален тим Винчек одигра вкупно 159 меѓународни натпревари и постигна 319 голови.
(фото-Инстаграм/Партик Винчек)📷