Десниот бек Нејц Цехте потпиша за Вардар!

Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте кој има 29 години од следната сезона ќе биде нов ракометар на Вардар 1961.

Нејц Цехте настапува на позицијата десен бек и ќе остане најмалку една сезона со можност за продолжување на соработката доколку клубот е задоволен. Тој доаѓа од екипата на Хановер, а претходно настапуваше и за екипата на Горење Велење, а настапува и за репрезентацијата на Словенија.

„Среќен сум што доаѓам во Вардар. Го одбрав македонскиот првак бидејќи знам што значи клубот во светот на ракометот, и знам дека може да придонесе и за мои подобри игри и резултати. Слушнам само убави работи за околу се што ме очекува во новата средина, за тренерот, за новото на кое е клубот, за тренирањето. Очекувам дека ќе ги оствариме резултатите што ќе бидат поставени пред нас, и секако ќе се бориме.Едвај чекам да дојдам во Скопје, со новиот тим, со момците. Се веселам што ќе можам да играм пред таква публика, атмосфера, и да тренирам со стручњак од калибарот на Давид Дејвис,” – изјави Нејц Цехте.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.