Бутел Скопје ја совлада Струга, и се пласира на Ф4 во Купот

Ракометарите на Бутел Скопје славеа победа против Струга со 29-23 и се пласираа на Ф4 во Купот на Македонија.

Екипата на Бутел Скопје добро го започна натпреварот, кога на пауза имаше предност од 18-12. Во вториот дел Бутел Скопје ја завери победата против Струга.

Најефикасен во екипата на Бутел Скопје беше Мирко Мајиќ со осум голови, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Жарко Барјактаревиќ исто така со осум голови.

(фото-Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.