Екипата на Металург забележа победа против Шампион со убедливи 31-17 во финалето од Групата В и се пласира на Ф4 во Купот на Македонија.
Металург добро го започна натпреварот, и на пауза замина со предност од 15-6. Во вториот дел продолжи добрата игра на Металург за на крај да забележи победа против Шампион.
Најефикасна во екипата на Металург беше Ивановска со шест погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасна беше Трајков со пет погодоци.

(фото-ЖРК Металург)📷