Ракометарките на Вардар ја совладаа екипата на Стружанка со 32-20 во полуфиналето од Групата А во Купот на Македонија, и во финалето за пласман на Ф4 во Купот ќе се борат со екипата на Ѓорче Петров.
Вардарки добро го започнаа натпреварот и на полувремето имаа предност од 15-12. Во вториот дел Вардар продолжи да ја зголемува разликата за на крај да слави убедлива победа против Стружанка.
Најефикасна во екипата на Вардар беше Ивона Трпевска со седум гола, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Магдалена Делиоска со осум погодоци.
(фото-ЖРК Стружанка)📷