Еурофарм Пелистер 2 го совлада Прилеп и се пласира на Ф4 во Купот

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 славеше убедливо против Прилеп со 38-22 во Купот на Македонија и се пласира на Ф4.

Еурофарм Пелистер 2 на полувреме замина со висока предност од 11-20. Во вториот дел битолскиот тим ја завери убедливата победа против Прилеп за пласман на Ф4 во Купот.

Најдобар стрелец во екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Ненад Белистојаноски со девет погодоци, додека кај екипата на Прилеп најдобар стрелец беше Давор Шокоски со шест погодоци.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.