Струга сигурна против Радовиш во плеј-аутот

Ракометарите на Струга забележаа победа против Радовиш со 28-20 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.

Во првиот дел Струга имаше позитивен резултат, и на полувреме замина со водство од 12-10. Во вториот дел од натпреварот Струга немаше проблеми да дојди до победа против Радовиш.

Најефикасен во екипата на Струга беше Владан Кастратовиќ со седум гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Бобан Каковски со пет погодоци.

(фото-Рк Струга)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести