Вардар се намачи за победа против Еурофарм Пелистер 2

Екипата на Вардар 1961 дојде до бодови на тешкото гостување во Битола кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 со конечни 22-19 во плеј-офот во Супер лигата.

Во првото полувреме беше неизвесно, но Вардар 1961 замина со предност на полувреме од 11-10. Во вториот дел Еурофарм Пелистер 2 успеа да се врати но не доволно за победа, и битолскиот тим мораше да се задоволи со пораз од Вардар 1961.

Најефикасен во екипата на Вардар 1961 беше Гоце Георгиевски со седум погодоци, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Ненад Белистојаноски со шест погодоци.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.