Екипата на Шампион забележа победа на гостувањето кај екипата на Феникс АМС со минимални 24-25 во плеј-аутот од Супер лигата.
Шампион добро го отвори натпреварот, и на пауза замина со предност од 10-14. Во второто полувреме Шампион продолжи со истото темпо како и во првото полувреме, за на крај да забележи победа против Феникс АМС.
Најефикасна во екипата на Шампион беше Сара Трајков со шест погодоци, додека кај екипата на Феникс АМС најефикасна беше Ана Марија Талева со седум погодоци.
(фото-ЖРК Шампион)📷