Вардар со реми против Веспрем се прости од ЛШ

Ракометарите на Вардар одиграа нерешено со екипата на Веспрем со конечни 31-31 и се простија од Лигата на шампионите за оваа сезона.

Веспрем го презеде водството во првото полувреме и на пауза замина со предност од 18-13. Во вториот дел Веспрем добро го започна натпреварот, но екипата на Вардар 1961 успеа да се врати за на крај да извади нерешен резултат против Веспрем.

Најефикасен во екипата на Вардар 1961 беше Куни Моралес со шест погодоци, додека кај екипата на Веспрем најефикасен беше Јахја со седум погодоци.

(фото-Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.