ПСЖ го совлада Елверум и се пласира во четвртфиналето во ЛШ

Ракометарите на ПСЖ славеа победа против Елверум со конечни 37-30 во вториот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар беше нерешено 30-30.

ПСЖ добро го контролираше резултатот во првото полувреме, и на пауза замина со високи 20-14. Во вториот дел ПСЖ продолжи со истото темпо како и во првиот дел, за на крај да забележи победа против Елверум.

Најефикасен во составот на ПСЖ беше Даинис Кристопанс со седум погодоци, додека кај екипата на Елверум најефикасен беше Моен Нилсен со десет погодоци.

(фото-ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.