Екипата на Тиквеш го совлада тимот на Охрид со 28-26 во салата “Билјанини Извори” во Охрид, во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.
Тиквеш добро го започна натпреварот и на пауза замина со предност од 15-12. Во вториот дел Тиквеш ја одржуваше предноста што ја имаше и на крај успеа да го совлада Охрид на гостински терен.
Најефикасен во екипата на Тиквеш 2014 беше Дејан Гошевски со шест гола, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Мартин Ивановски со пет гола.
(фото-ГРК Тиквеш 2014)📷