Ракометарите на Голден Арт славеа на гостувањето во Гостивар кај екипата на Јехона со конечни 22-39 во плеј-офот во Првата лига.
Голден Арт на овој натпревар беше фаворит, кога на полувреме имаше високи 7-21. Во второто полувреме Голден Арт ја завери високата победа против Јехона.
Најефикасен во екипата на Голден Арт беше Христијан Милошески со пет гола, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Стефан Бошкоски со десет гола.

(фото-Рк Голден Арт)📷