Во неизвесен и драматичен натпревар ракометарите на Борец забележаа победа на гостувањето кај екипата на Кичево 2020 со минимални 31-32.
Во првото полувреме се играше гол за гол, па двете екипи заминаа со нерешен резултат на полувреме од 14-14. Во второто полувреме продолжи истото темпо како и во првото полувреме, но на крајот Борец имаше седмерец за победа над Кичево 2020.
Најефикасен во екипата на Борец беше Димитар Минов со 12 погодоци, додека кај екипата на Кичево 2020 најефикасен беше Мојсие Тасески со седум погодоци.
(фото-ГРК Борец)📷