Екипата на Еурофарм Пелистер 2 славеше на домашен терен против екипата на Охрид со конечни 26-22 во плеј-офот во Супер лигата.
Битолскиот тим добро го започна натпреварот и на полувреме имаше предност од 13-9. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер 2 ја завери победата против Охрид.
Најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер 2 беше Емилијан Ѓорговски со седум погодоци, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Мице Шилегов со четири погодоци.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷