Екипата на Прилеп забележа победа на домашен терен против екипата на Радовиш со резултат 28-25 во плеј-аутот во Супер лигата.
Во првото полувреме се играше доста неизвесно, но Прилеп успеа да замине со предност на полувреме од 13-11. Во вториот дел од натпреварот Прилеп продолжи со добрата серија за на крај да слави победа против Радовиш.
Најефикасен во екипата на Прилеп беше Реваз Чантурија со 11 погодоци, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Бобан Каковски со осум погодоци.
(фото-Рк Прилеп)📷