Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров славеа на гостувањето кај екипата на Партизан Гевгелија со конечни 34-41 во плеј-аутот во Првата лига.
Македонија Ѓорче Петров добро го започна натпреварот и немаше проблеми до полувремето кога имаа водство од 17-21. Во второто полувреме Македонија Ѓорче Петров продолжи со добрата игра како во првото полувреме за на крај да оствари победа кај екипата на Партизан Гевгелија.
Најефикасен во екипата на Македонија Ѓорче Петров беше Петко Митовски со осум погодоци, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Ѓорѓе Банцалиски со 13 погодоци.
(фото-Рк Македонија Ѓорче Петров)📷