Марјан Начевски победи, Арбитражниот суд пресуди во негова корист

Марјан Начевски го доби спорот со Ракометната федерација на Македонија, откако Арбитражниот суд на ЕХФ пресуди во негова корист.

Долгогодишниот ракометен работник сепак можи да му се врати на ракометот и да биде дел од РФМ и делегат на натпреварите.

„Почитувани спортски пријатели,

Верувам дека поголемиот дел од вас се добро запознаени со минатогодишната одлуката на Првостепената дисциплинска комисија на РФМ да бидам доживотно суспендиран од ракометот во Македонија, повикувајќи се на член 21 од Дисциплинскиот правилник (“исклучување од РФМ може да се изрече само за најтешки престапи и ако настанале особено тешки последици па така останувањето на сторителот во РФМ штети на угледот на ракометната федерацијата и ракометниот спорт.”).

Поднесов жалба против Одлуката на Првостепената дисциплинска комисија до второстепената, односно Комисијата за жалби при РФМ, меѓутоа истата ми беше одбиена како НЕОСНОВАНА, а одлуката на Првостепената дисциплинска комисија потврдена.

Се двоумев неколку месеци околу понатамошните чекори, меѓутоа по иницијатива на семејството, луѓето од моето окружување и долгогодишните пријатели од европската па и светска ракометна сцена, во септември 2021 година, одлучив сепак правдата за целиот овој случај да ја побарам на Арбитражниот суд при ЕХФ (Европска Ракометна Федерација) во Виена. Оние кои ме познаваат, знаат колкав вљубеник сум во ракометот и колку се имам вложено себеси за афирмирање на македонскиот ракомет во светот, па дефинитивно не заслужив да го напуштам на овој начин.

Помина безмалку една година, многу притисоци, нетрпение… но сепак пресудата пристигна – вистината победи.

На 22 април 2022 година, Арбитражниот суд при ЕХФ во Виена едногласно ја донесе следнава пресуда:

• одлуката со бр. 09-213/1 на Првостепената дисциплинска комисија на РФМ од 07.05.2021 година се прогласува за ништовна;

• одлуката со бр. 10-227/1 на Комисијата за жалби при РФМ од 21.05.2021 година се прогласува за ништовна.

Правдата можеби некогаш е бавна, но секогаш стигнува“, – се вели во соопштението на Марјан Начевски.

(фото – Фејсбук/Марјан Начевски)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести