Ракометарите на Голден Арт забележаа лесна и убедлива победа против Младост 1977 Богданци со убедливи 40-21 во 6. коло од плеј-офот во Првата лига.
Од почетокот на првото полувреме Голден Арт направи добра серија па на пауза замина со високи 18-9. Во второто полувреме Голден Арт ја зголеми предноста и на крај оствари убедлива победа против тимот од Богданци.
Најдобар стрелец во составот на Голден Арт беше Ивица Илиев со шест гола, додека кај екипата на Младост 1977 Богданци најдобар стрелец беше Стојан Наумовски со осум гола.

(фото-Рк Голден Арт)📷