Ракометарките на Ѓорче Петров славеа во дербито против екипата на Вардар со конечни 22-20 во плеј-офот во Супер лигата.
На полувреме екипата на Вардар имаше водство од 13-14. Во второто полувреме екипата на Ѓорче Петров направи пресврт и успеа да слави против Вардар.
Најефикасна кај екипата на Ѓорче Петров беше Милица Николиќ со шест погодоци, додека кај екипата на Вардар најефикасна беше Катерина Дамјановска со пет погодоци.
(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷