Екипата на Македонија Ѓорче Петров славеше против Борец на домашен терен со конечни 33-31 во плеј-аутот во Првата лига.
Во првото полувреме беше неизвесно, па на полувреме домашната екипа замина со предност од 20-18. Во второто полувреме Македонија Ѓорче Петров ја сочува предноста до крај за победа над Борец.
Најефикасен во екипата на Македонија Ѓорче Петров беше Александар Ѓорѓиевски со седум погодоци, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Лазар Стојанов со 11 погодоци.
(фото-Рк Македонија Ѓорче Петров)📷