Средбата помеѓу ПСЖ и Кил заврши нерешено со 30-30 во првиот четвртфинален дуел во Лигата на шампионите. Најефикасен кај екипата на ПСЖ беше Недим Ремили со осум погодоци, додека кај екипата на Кил најефикасен беше Сандер Сагосен со шест погодоци.
Ракометарите на Барселона славеа на гостувањето кај екипата на Фленсбург со 29-33 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Најефикасен во составот на Барселона беше Јусуф Бен Али со осум гола, додека кај екипата на Фленсбург најефикасен беше Емил Јакобсен со девет гола.
(фото-ЕХФ)📷