Тренерот со најголем континуиран стаж во сениорска екипа на Вардар од било кој спорт, кормиларот на ЖРК Вардар, Драгана Ристова повеќе нема да биде тренер на вардарки.
Во следните денови се очекува клубот да потврди кој ќе биде нов тренер и дали ќе има засилувања за следната сезона.
“Информацијата ни ја потврдија од клубот, каде што дополнија дека се благодарни на Драгана Ристова за целиот ангажман до сега, за сите убави заеднички моменти. Упатуваат благодарност за вложениот труд и во напредокот на девојките кои од пионерки ги изгради до сениорки и голем број од нив успеаа да се наметнат во македонските селекции. Ристова остави неизбришлив белег во ЖРК Вардар што клубот го потенцира како нејзина заслуга. Воедно и посакуваат успех во кариерата и порачуваат дека секогаш вратата на црвено-црниот колектив ќе биде отворена за овој ракометен стручњак кој толку многу даде и продонесе во развојот на вардарки со кои имаше и настап на европска сцена каде што бевме оваа сезона единствени кои минаа коло во ракометна европа под менторство на Ристова”, – изјавија од ЖРК Вардар
(фото-Вардарфанс)📷