Ракометарите на Аеродром славеа со пресврт против Младост 1977 Богданци со резултат 27-25.
Во првото полувреме Младост 1977 Богданци го презеде водството, и на полувреме замина со предност од 11-17. Во второто полувреме Аеродром успеа да се врати и да направи пресврт за победа против Младост 1977 Богданци.
Најдобар стрелец кај екипата на Аеродром беше Бојан Николовски со седум погодоци, додека кај екипата на Младост 1977 Богданци најдобар стрелец беше Митко Караиванов со седум погодоци.
(фото-Рк Аеродром)📷