Тренерот Горан Кузманоски ја напушта екипата на Прилеп

Поранешниот македонски репрезентативец и ракометар, Горан Кузманоски на крајот од сезоната го напушта тимот на Прилеп.

Екипата на Прилеп под водство на Горан Кузманоски обезбеди опстанок во плеј-аутот во машката Супер лига, екипата се наоѓа на третото место на табелата на две кола до крајот.

“Денес за последен пат на домашен терен тимот на Прилеп ќе го води еден од најголемите спортски работници и ракометар кој потекнува од нашиот град, Горан Кузманоски. Ја повикуваме публиката во што поголем број да го проследи натпреварот и да го испратиме Таста онака како што заслужи работејќи како тренер изминатите години но и како поранешен ракометар на Тутнски Комбинат”, – изјавија од Рк Прилеп.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести